КЕЛНЕР СТАНА ХЕРОЈ НА НАЦИЈАТА Шефот му се јавил во 3 наутро да дојде на работа иако имал слободен ден, неговиот одговор стана вирален!
На келнерот потоа „му пукал филмот“ и поднесол оставка. Тој му рекол на шефот дека има многу други кои бараат келнери и дека му е доста.
Британски келнер стана херој откако неговата порака до шефот за неговата оставка стана вирална.
Сѐ започнало кога неговиот шеф му напишал во 3 наутро дека треба да дојде на работа следниот ден и да работи смена од 11 до 22 часот, иако имал слободен ден. Келнерот љубезно одговорил дека не може затоа што има слободен ден.
Но, тогаш тонот на пораките на неговиот шеф драстично се промениле и тој му рекол дека мора да биде „тимски играч“.
– Не можете да мислите само на себе – напишал шефот, пренесува „ТудејУКњуз“.
– Зошто ми кажувате само сега, во 3 наутро, дека треба да работам утре од 11 часот? Пиев неколку пијачки и не се чувствувам доволно добро за да дојдам на работа мамурен и да работам така долго во слободен ден – објаснил келнерот.
Но шефот потоа се симнал на уште пониско ниво и му напишал – „Не е добро да се напиеш премногу“.
„Дали ќе му кажеш на келнерот да не пие во слободно време? Дали ќе им кажеш на готвачите да не јадат кога не работат?“ запраша келнерот со „насмевка“. Тој, исто така, му рекол дека можеби ќе дошол на работа доколку му се јавел во разумно време, а не во 3 наутро.
На шефот не му се допаднала порака и му рекол дека ќе разговара за неговиот став кога ќе дојде на работа.
На келнерот потоа „му пукал филмот“ и поднесол оставка. Тој му рекол на шефот дека има многу други кои бараат келнери и дека му е доста.
Кога неговиот шеф му напишал дека му е жал, тој само кратко му напишал – бакни ми го задникот.
Келнерот наскоро стана херој на виртуелниот свет поради отказот, откако неговиот шеф грубо сакаше да го натера да работи во неговиот слободен ден, но и тоа дека тој го направил тоа во 3 наутро.