КЕДЕВ ПАК ГИ ОСВОИ ХИМАЛАИТЕ Овојпат се искачи на врвот Даулагири 1 висок 8.167 метри

Кедев се има искачено на седум највисоки врвови во светот.

1,846

Македонскиот кардиолог и академик Сашко Кедев се искачи и на седмиот највисок врв на светот Даулагири 1 на Хималаите, висок 8.167 метри. Тој беше дел од експедицијата водена од тимот „Мингма Џи“ која имала 22 члена од кои 12 Непалци и десетмина странци.

Кедев се има искачено на седум највисоки врвови во светот.






Даулагири е планински венец на најзападниот дел од Хималаите, кој до 1832 година се сметал за највисок врв на Хималаите. Првпат бил искачен од швајцарска експедиција во 1960 година.

Поврзани содржини