📷 КЕЈТ МИДЛТОН ЗАБЕЛЕЖАНА ПРЕД ВИНДЗОР СО ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ Нејзината реакција кога ги видела папараците кажува сè
Како што пренесуваат британските медиуми, Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, конечно е видена во јавноста по двомесечното закрепнување од операцијата.
Како што пренесуваат британските медиуми, Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, конечно е видена во јавноста по двомесечното закрепнување од операцијата.
Американските медиуми претходно објавија фотографија на која наводно е со нејзината мајка, но британскиот печат не ја пренесе, ниту пак беше потврдена нејзината автентичност. Како што сега пишуваат „Дејли мејл“ и „Експрес“, Кејт била фотографирана денеска додека со својот сопруг во автомобилот го напуштала замокот Виндзор.
Сепак, повторно не можело да се види нејзиното лице бидејќи таа ја свртела главата од папараците.
“The Princess of Wales, Kate Middleton has been pictured alongside Prince William leaving Windsor Castle today.”
lololol pic.twitter.com/xb6ns19rM7— 𝕔hi𝓁𝓁iຖ໐iˢ (@chiIIum) March 11, 2024
Се претпоставува дека принцезата останува верна на својата одлука да ја задржи својата приватност додека закрепнува од мистериозната операција на абдоменот што ја имаше во средината на јануари оваа година.
Кенсингтонската палата потврди дека Кејт Мидлтон денеска го напуштила Виндзор со принцот Вилијам и дека бил однесен на служба во Вестминстерската палата. Меѓутоа, таа нема да му се придружи таму, односно нема да присуствува на службата по повод одбележувањето на Денот на Комонвелтот, бидејќи има „приватни обврски“, додава „Дејли мејл“.
Да потсетиме, принцезата од Велс денеска се огласи преку социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, откако нејзиниот прв официјален портрет по операцијата и повлекувањето од јавноста предизвика голема бура во јавноста.
View this post on Instagram
Откако се појавија шпекулации дека фотографијата е создадена од вештачка интелигенција или фотошопирана, а неколку новински агенции ја повлекоа поради „манипулација“, таа објасни дека фотографијата кој ја направил нејзиниот сопруг принцот Вилијам ја уредувала самата и аматерски.
„Како и многу фотографи аматери, јас повремено експериментирам со обработката. Сакав да се извинам за конфузијата предизвикана од семејната фотографија што ја споделивме вчера. Се надевам дека сите имавте убав Ден на мајката“, порачала принцезата од Велс.
Кенсингтонската палата кон средината на јануари објави дека принцезата од Велс била оперирана и ќе им се врати на своите кралски обврски по Велигден, по што во јавноста се појавија бројни гласини и теории на заговор за нејзината состојба и брак.
ФОТО: Инстаграм/Икс