📽️ КЕЈТ МИДЛТОН СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ Присуствуваше на свеченоста по повод роденденот на кралот Чарлс
Денеска е официјален роденден на кралот Чарлс во Велика Британија, а повеќе од 1.400 војници, 400 музичари и 200 коњи ќе учествуваат на парадата „Trooping the Color“ што по тој повод ќе се одржи во Лондон.
Британската принцеза Кејт Мидлтон е видена во јавноста за прв пат по шест месеци, откако во март објави дека боледува од рак.
Кејт Мидлтон, како што најави вчера, се појави на Роденденската парада на кралот, позната и како Trooping the Color, со своето семејство во Лондон.
Таа беше забележана во кочија со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам и децата, како парадира низ улиците на Лондон и ги поздравува луѓето кои дојдоа да бидат сведоци на оваа голема церемонија.
Таа на прославата пристигна заедно со синот Џорџ и нејзиниот сопруг принцот Вилијам.
Денеска е официјален роденден на кралот Чарлс во Велика Британија, а повеќе од 1.400 војници, 400 музичари и 200 коњи ќе учествуваат на парадата „Trooping the Color“ што по тој повод ќе се одржи во Лондон.
Кралското семејство ќе се собере на балконот на Бакингемската палата над која ќе прелетаат повеќе од 30 воени авиони.
Стотици полицајци беа распоредени на улиците за безбедност на насобраните.
Оваа вест ја изненади цела Велика Британија, но и светската јавност, со оглед на тоа што никој не очекуваше толку рано враќање на принцезата од Велс.
Сепак, овој настан е исклучително важен за целото кралско семејство. Тоа е роденденска парада за монархот, а портпаролот на палатата рече дека кралот Чарлс III е „воодушевен што принцезата може да присуствува на настаните“.