🎥 КЕЈТ МИДЛТОН БЛЕСНА ВО ЗЛАТНА ТОАЛЕТА, МЕЛАНИЈА ТРАМП ИЗНЕНАДИ СО ИЗБОРОТ Кралот Чарлс и Доналд Трамп во опуштен разговор на свечената вечера
На свечената вечера, на која присуствуваа високи државни и кралски функционери, Доналд Трамп седеше веднаш до кралот Чарлс, а од другата страна до него беше принцезата од Велс, Кејт Мидлтон. Се претпоставува дека до нив биле сместени и принцот Вилијам, како и првата дама на САД, Меланија Трамп.
Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија по втор пат престојуваа во официјална посета на Обединетото Кралство, каде што беа пречекани со сите државни почести од страна на британското кралско семејство.
Во текот на церемонијата и приемот во раскошните простории на палатата, камерите забележаа низа интересни моменти – од протоколарни разговори, преку модните избори на гостите, до неформални комплименти.
На свечената вечера, на која присуствуваа високи државни и кралски функционери, Доналд Трамп седеше веднаш до кралот Чарлс, а од другата страна до него беше принцезата од Велс, Кејт Мидлтон. Се претпоставува дека до нив биле сместени и принцот Вилијам, како и првата дама на САД, Меланија Трамп.
Иако политичките теми несомнено биле дел од разговорите, вниманието на јавноста го привлекоа модните одлуки на дамите – особено на принцезата Кејт и Меланија.
Кејт блескаше во златна тоалета
Принцезата Кејт уште еднаш го потврди својот статус на модна икона – се појави во спектакуларна златна тоалета, надополнета со тијара, што предизвика воодушевување кај присутните и кај публиката на социјалните мрежи.
Многумина коментираа дека со овој изглед самата себеси се надминала и поставила нови стандарди за вечерна елеганција во кралските кругови.
Меланија со смел избор и поделени реакции
Од друга страна, изборот на Меланија Трамп предизвика поделени реакции. Таа носеше жолта тоалета со голи раменици, надополнета со розов појас – невообичаена комбинација за ваков настан, особено кога станува збор за откриени раменици.
Додека некои модни критичари ја пофалија нејзината храброст и индивидуален стил, други сметаа дека овој изглед не бил најсоодветен за свечена вечера кај британскиот монарх.
Комплименти и срдачен тон
Камерите неколку пати забележаа срдeчни разменувања меѓу Трамп и членовите на кралското семејство, особено со принцезата Кејт, на која поранешниот американски претседател ѝ упати комплимент уште при доаѓањето, велејќи дека е „многу убава“.
За време на влегувањето во свечената сала, Трамп и кралот Чарлс водеа опуштен разговор, додека зад нив одеа нивните сопруги – кралицата Камила и Меланија Трамп.