📷 КЕЈТ МИДЛТОН БЛЕСНА СО СЕМЕЈСТВОТО НА ТЕРАСАТА НА БЕКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА Принцезата не ја симна насмевката од лицето
Кралското семејство се собра на балконот на Бакингемската палата за роденденската парадата која традиционално се организира за прославата на роденденот на кралот Чарлс Трети, за Кејт Мидлтон ова беше прво појавување на јавен настан откако објави дека е болна од рак.
Првото појавување на Кејт Мидлтон во јавноста пообјавата дека боледува од рак, предизвика голем интерес во јавноста. Принцезата од Велс која поради болеста отсуствуваше од јанвите настани уште од декември, блесна на терасата на Бакингемската палата со семејството и ја направи посебна прослава по повод роденденската парада на кралот како што најави и претходно.

– Денешниот изглед на Кејт е од клучно значење бидејќи кралското семејство е значително ослабено поради двајца високи членови кои се борат со ракот. Тоа е особено значајно бидејќи не сме ја виделе принцезата на официјален настан од декември. Јасно е, од трогателната видео порака во март, како и од изјавата објавена вчера, дека таа е силна и отпорна на се – изјави кралскиот коментатор Ричард Фицвилијамс за MailOnline.
Тој ја истака важноста на денешниот настан посочувајќи дека принцезата од Велс е посебна личност.
– Денешната роденденска парада е многу посебен ден. Таа е многу посебна личност која има место во сите наши срца – рече Ричард Фицвилијамс.
Денеска е официјален роденден на кралот Чарлс во Велика Британија, а на парадата Trooping the Color, која по тој повод се одржа во Лондон, учествуваа повеќе од 1.400 војници, 400 музичари и 200 коњи.

Кралското семејство се собра на балконот на Бакингемската палата над кој прелетаа повеќе од 30 воени авиони, пренесува Мирор.
Стотици полицајци беа распоредени на улиците за безбедност на насобраните.
Портпаролот на палатата рече дека кралот Чарлс III е „воодушевен што принцезата може да присуствува на овој настан“.
📽️ КЕЈТ МИДЛТОН СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ Присуствуваше на свеченоста по повод роденденот на кралот Чарлс