Кејт Хадсон уловена во Белград: Еве ја причината поради која престојува во српската престолнина (ФОТО)

1,752

Славната холивудска актерка Кејт Хадсон пристигнала во српската престолнина да го снима филмот „Нож во грб“ заедно со Даниел Крег, кој исто така веќе извесно време е во Србија.

Добро скриена под маската, Кејт Хадсон во четвртокот попладне прошетала низ центарот на Белград, купувала во продавници, а се согласила и со насмевка да се фотографира.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Djurovski (@marijadjurovski)

Хадсон влегла во еден локал во Белград, веројатно не помислувајќи дека некој ќе ја препознае под маската. Меѓутоа, вработените и сопственичката на локалот веднаш сфатиле за кого станува збор, па настанал вистински метеж и желба за фотографирање, што актерката со задоволство ја прифатила, па дури и поразговарала со нив.

Воодушевувањето не го криеле и на својот профил на Инстаграм, па веднаш споделиле фотографија со холивудската sвезда и се пофалиле со овој момент што се случува само еднаш во животот.

Kejt Hadson

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини