КЕЉ, БОГАТ И ХРАНЛИВ ПОДВИД НА ЗЕЛКА Не е лесно сварлив, но ако знаете да го консумирате ќе ви донесе бројни здравствени придобивки
Важно е да се напомене дека кељот има повеќе железо по калорија од говедското месо и повеќе калциум од млекото, а изобилува со влакна и омега-3 киселини. Со 100 грама кељ се покриваат 88 проценти од препорачаниот дневен внес на протеини.
Кељот (Brassica oleracea var. sabauda) е ист вид како и зелката. Во готвењето најмногу се цени жолтеникаво-белиот млад кељ кој нема многу заштитни листови.
Потекнува од Медитеранот и Мала Азија, а поради неговите сино-зелени згужвани листови кои можат да бидат горчливи, често се заобиколуваат во исхраната.
Вкусен е, но не е лесно сварлив. Кељот има многу витамин Ц, но го губи кога се готви.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.