Казни за шпанските клубови ако одбијат да играат без публика

253

Претседателот на Шпанската фудбалска лига Хавиер Тебас изјави дека клубовите кои не сакаат да играат пред празни трибини ќе бидат казнети со намалување на бодовите.

– Кога ќе добиеме дозвола да играме и одреден клуб не сака да ги исполнува новите услови, тогаш ќе има казни. Ќе има одземање бодови. Мораме да бидеме искрени со сите и да го завршиме шампионатот – им порача Тебас на шпанските прволигаши.






Шпанското првенство беше стопирано во март поради пандемија на коронавирус.

Поврзани содржини