Казни за 342 несовесни возачи во Скопје

Од МВР велат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови

296

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 342 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 36 санкции, 37 мерки за нерегистрирани возила, 21 санкција за користење на мобилен телефон. Изречени се 23 мерки за непрописно паркирани возила, 6 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 15 санкции за непрописно престигнување, 9 возила се подигнати од „пајак“ службата и 16 санкции за неносење заштитна маска – се вели во соопштението од МВР.






Оттаму велат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови, па затоа апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, така што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани содржини
na