КАЗНЕТИ 44 АВТОБУСИ КОИ ПРЕВЕЗУВААТ УЧЕНИЦИ Вонредната инспекција прати 28 возила на технички преглед
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Денеска во периодот од 06.00 до 10.00 часот денеска на територијата на државата е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата се констатирани 44 сообраќајни прекршоци.
Од МВР информираа дека на вонреден технички преглед се упатени 28 возила.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.