Една Римјанка морала да плати казна од 400 евра бидејќи се затекнала на улица среде карантинот во цела Италија.
На 60-годишната жена не ѝ помогнало ниту тоа што на полицајците им рекла дека морала да излезе да го прошета својот домашен миленик – желката“!
Полицијата во Италија напишала рекорден број казни во понеделникот кој е дел од празнувањето на католичкиот Велигден.
Во текот на 252.148 контроли, полицијата напишала 16.545 казни за непочитување на забраната на движење.
Во неделата, на самиот Велигден, биле напишани 13.756 казни.