КАЗНА ДО 10.000 ЕВРА ЗА ТРГОВЦИТЕ ШТО МАМАТ Потрошувачот ќе ја наплаќа штетата
Новиот закон за заштита на потрошувачите го помина владиниот филтер.
Трговците кои се користат со нечесни практики со кои ги повредиле правата на потрошувачите ќе бидат казнувани со глоби од 500 до 10.000 евра, а потрошувачите ќе имаат право на надоместок на штетата. Ова се предвидува со новиот Закон за заштита на потрошувачите кој денеска помина на владина седница.