КАЗИНО БИЗНИСИ СО СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ И СТРИПТИЗ СОРАВИЈА Ова е заштитен знак на раководството на ДУИ обвинуваат од Коалицијата „Вреди“

Ќе биде многу интересно да се гледа „големиот верник” Скендер Реџепи како ги брани овие неморални и коруптивни зделки на Ахмети, Груби, Османи и нивните соработници, посочуваат од Коалицијата „Вреди“.

842

Обидот на ДУИ да претстави некакво коалициско окрупнување во таканаречен Европски фронт е патетично, истакнуваат од Коалицијата „Вреди“

„Прво, ги извадија своите послушници во опозицијата, па им направија партии, а сега паднаа на дереџе од немукает да ги претставуваат како нивен достоен коалиционен партнер. Изронија трошки за сега во очај да ги собираат. Да не беше смешно ќе беше трагично. Што се однесува до нивните бајати конструкции, да не им останеме должни.






На самоназначените „ловци на Руси” им порачуваме да си погледнат во сопствените редови. Казино бизниси со српско подземје, руски бизнис врски со Дака Давидовиќ, стриптиз Соравија, Будимпештански планови за враќање на Никола Груевски, функционери на црната листа на САД и домаќини на Сергеј Лавров, се заштитен знак на ова исплашено раководство на ДУИ.

Ќе биде многу интересно да се гледа „големиот верник” Скендер Реџепи како ги брани овие неморални и коруптивни зделки на Ахмети, Груби, Османи и нивните соработници.

Се ближи 24 април, а брзо ќе дојде и 8 мај, кога ДУИ и приврзоците ќе се соочат со реалноста“ – стои во реакцијата од Коалицијата „Вреди“.

Поврзани содржини