КАЖЕТЕ ВЕЌЕ ЕДНАШ ДАЛИ ЈА САКАТЕ МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ ИЛИ НЕ ЈА САКАТЕ Лидерот на ЛДП не го прифаќа францускиот предлог

ЕУ треба јасно да се изјасне, ја сака ли Македонија во ЕУ или не. Ние повеќе немаме време за губење. Потребен ни е брз развој со јасни политики и однос кон ЕУ и нивните перманенти условувања, истакна лидерот на ЛДП, Горан Милевски.

2,401

Горан Милевски, претседател на ЛДП, партија која е коалиционен партнер на СДСМ во Владата на премиерот Димитар Ковачевски, не го прифаќа францускиот предлог.

Како што објави тој на социјалните мрежи, билатералните спорови не смеат да станат европски услови, како што спорот помеѓу Словенија и Хрватска не беше проблем за влез на Хрватска во ЕУ.






„Македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија. Секое предлог решение мора да добие согласност од македонскиот Парламент. Јазикот не може да биде компромис, бидејќи тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот договор. Со Преспанскиот договор се гарантираше влез на Македонија во НАТО и во ЕУ. Ако сега едниот гарант на договорот ЕУ не го почитува договорот, тогаш се доведува во прашање и смислата на самиот договор и колку Македонија треба да го почитува. ЕУ треба јасно да се изјасне, ја сака ли Македонија во ЕУ или не. Ние повеќе немаме време за губење. Потребен ни е брз развој со јасни политики и однос кон ЕУ и нивните перманенти условувања. Во ЕУ ќе влеземе како Македонци со своја вековна историја, култура, традиција и вредности, со сопствен јазик и посебности, а влез како втора бугарска држава, ниту сакаме, ниту некој може да прифати, ниту кореспондира со реалноста и историјата. Историската комисија да достави на увид што се договориле со нивните колеги од Бугарија. Не може тројца историчари да бидат историската вистина. За секое нивно решение треба да има широк општествен консензус. Ова е мој личен став кој ќе го застапувам во рамките на партијата и Владата“, напиша Милевски на Фејсбук.

Поврзани содржини