Кавадаречки социјалци добија помош во храна и хигиенски средства

Донацијата е на Фондацијата Отворено општество Скопје, а распределена е преку кавадаречкиот Црвен крст.

307

Сто семејства во социјален ризик од Кавадарци добија по два пакети хуманитарна помош, храна и хигиенски средства, донирани од  Фондацијата Отворено општество Скопје, а распределени преку кавадаречкиот Црвен крст.

– Се надеваме дека и овој пат потпомогнавме во ублажување на состојбата на ранливата целна група  население, кое  во овие тешки моменти на пандемијата со корона вирусот многу тешко се снаоѓа во секојдневниот отежнат живот, нагласија од Општинската организација на Црвен крст Кавадарци.

Поврзани содржини