Кавадарчани добија паметни клупи на кејот на Луда Мара и во градскиот парк

Клупите се опремени со соларни панели за производство на електрична енергија, со приклучоци за полнење на батериите на сите типови на мобилни телефони, безжичен бесплатен интернет.

883

Паметни клупи се поставени на кејот на реката Луда Мара и во градскиот парк во Кавадарци.

Клупите се опремени со соларни панели за производство на електрична енергија, со приклучоци за полнење на батериите на сите типови на мобилни телефони, безжичен бесплатен интернет.






– Проектот за поставување на паметни клупи е во завршна фаза. Поставени се две од предвидените пет клупи. Во наредната фаза ќе се постават паметни клупи во Паркот на револуцијата, СЦ Јасмин и на просторот кај споменикот 12 Ваташки младинци – велат од Општината.

Оттаму додаваат дека дополнително, ќе се постават уште три клупи кои се обезбедени како донација.

– Проектот е со финансиска вредност од 280.000 денари а изведувач е фирмата „Метал Апостолов” – информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Поврзани содржини