КАВАДАРЧАНЕЦ СЕ ПРЕВРТЕ СО ФИАТ ДОБЛО Претходно удрил во паркиран џип

Истото возило и возач непосредно пред оваа сообраќајна незгода, на улицата „Моша Пијаде“ удрило во паркиран џип, по што го напушта лице место. Увид на лице место извршен од УПС од ПО за БПС Кавадарци, информираа од СВР Велес.

190

Полицијата вечерва даде детали за сообраќајната незгода што попладнево се случи во центарот на Кавадарци.

„Попладнево на улицата „Илинденска“ наспроти кафе бар Елемент, случена е сообраќајна незгода, удар на патнички автомобил „фиат добло“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од И.К (68) од Кавадарци. Од незгодата лицето се здобило со телесни повреди констатирани во ЈЗУ Општа болница Кавадарци. Увид на лице место по овластување на ЈО извршија УПС од ПО за БПС Кавадарци. Истото возило и возач непосредно пред оваа сообраќајна незгода, на улицата „Моша Пијаде“ удрило во паркиран џип, по што го напушта лице место. Увид на лице место извршен од УПС од ПО за БПС Кавадарци“, информираа од СВР Велес.

Поврзани содржини