Катругалос за ТВ24: Бугарија да покаже респект кон Северна Македонија

348

Поранешниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, во изјава за ТВ 24 вели дека бугарските политичари треба да покажат респект кон тоа што Северна Македонија го направи досега.

– Ние веруваме во ЕУ пристапот на сите земји од Балканот, но примарно Северна Македонија е приоритет. Кажувам примарно затоа што Северна Македонија имаше голема храброст да го реши спорот помеѓу нас и ова мора да се цени од ЕУ и сметам дека Бугарија треба да најде пристоен начин со заеднички респект и достоинство и да го направи истото – изјави Јоргос Катругалос екс министер за надворешни работи на Грција.

Поврзани содржини