🎥 КАТАСТРОФАЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОГОДИ ТИБЕТ Под урнатините згаснаа над 95 животи
На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледаат последиците од земјотресот, но и моментот на несреќата.
Разорниот земјотрес што го погоди Тибет утрово однесе повеќе од 95 животи, а бројот на жртви сѐ уште се брои и не е исклучено драстично да се зголеми.
На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледаат последиците од земјотресот, но и моментот на несреќата.
На едно видео, камера која снима кружен тек го сними моментот кога луѓето сфаќаат колку е сериозен земјотресот и почнуваат панично да бегаат. Исто така, на видеото се гледа како паѓа бетонската конструкција на средината на кружниот тек, а возачите во автомобилите се принудени да ја избегнуваат.
Земјотресот што го погоди светиот тибетски град Шигатце бил со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.
#Tibet Özerk Cumhuriyetinde 6.8 şiddetinde #deprem meydana geldiği bildirildi. pic.twitter.com/4smynMsK5i
— Muslim Port (@muslimportcom) January 7, 2025