КАТАСТРОФА НА ЈУНАЈТЕД ПРОТИВ ЛИВЕРПУЛ Отказот на Солшер е само формалност
Ливерпул низ целосна доминација на гостувањето кај Манчестер, успеа да победи со 0-5, и да ја продолжи битката за врвот во Премиер-лигата.
Убедлива победа на Ливерпул на гостувањето кај Манчестер Јунајтед, со што отказот на Оле Гунар Солшер е веќе, се чини, потпишан.
Ливерпул низ целосна доминација на гостувањето кај Манчестер, успеа да победи со 0-5, и да ја продолжи битката за врвот во Премиер-лигата.
Уште на полувремето беше познато дека Ливерпул ќе ги однесе бодовите. Кеита, Жота и потоа три гола на Салах за убедлив триумф. Црвен картон доби Погба, и се чинеше тука приказната за Јунајтед заврши, веќе немаше назад.
До крајот Јунајтед имаше поништен гол, а потоа и пречка, но не успеа да го најде патот до мрежата на Алисон.
Реакција некоја сигурно ќе има од страна на Јунајтед. Дали тоа ќе биде отказ, или целосна поддршка, ќе се знае по мечот.