КАТАРИНА МОНЗУЛ СУДЕШЕ НА МЕЧОТ АНГЛИЈА – АНДОРА Фудбалерот Кејн ѝ даде поддршка

На мечот Англија - Андора ѝ асистираа нејзините сонароднички, Марина Стрилетскаја и Светлана Грушко.

880

Фудбалерот на Англија, Хари Кејн, искажа поддршка за назначување жена за главен судија на англиската репрезентација синоќа на гостувањето во Андора.

Англија победи со 5:0 во квалификациски меч за Светското првенство 2022.






„Ова е првпат жена да и суди на Англија и ова треба да биде прво од многуте. Историјата се оствари и ние сме чекор поблиску до Светското првенство“, напиша Кејн на Твитер.

Правдата на овој меч ја делеше Украинката Катерина Монзул. Асистенти беа нејзините сонароднички, Марина Стрилетскаја и Светлана Грушко.

Поврзани содржини