КАТАЛИН ПРЕДОЈУ НА ЧЕЛО НА РОМАНСКАТА ВЛАДА Кој е наследникот на Марсел Чолаку?

Каталин Предоју, кој има 56 години, е поранешен министер за правда кој веќе еднаш ја извршуваше функцијата в.д. премиер во 2012 година.

114

Претседателот на Романија во оставка, Илие Боложан, го именуваше Каталин Предоју за в.д. премиер на земјата. Тој претпладнево го потпиша декретот за именување на Предоју за в.д. премиер на Романија кој ќе остане на функцијата до формирање на новата влада, објави Франс 24.

Ваквиот потег на Боложан доаѓа по вчерашната оставка на премиерот Марсел Чолаку.






Националниот политички совет на романските социјалисти одлучи партијата да ја напушти владеачката коалиција и Чолаку да поднесе оставка на премиерската позиција.

– Владеачката коалиција нема легитимитет, барем не во овој состав. Им предложив на колегите да ја напуштиме коалицијата, што доведе до моја оставка како премиер, одлкука што ја поднесов до претседателот на државата – рече Чолаку.

Сето ова се случува во услови на претседателски избори во земјата на кои во првиот круг победи крајниот десничар Ѓорѓе Симион кој во вториот круг, на 18 мај, ќе се натпреварува со градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан.

Инаку, Предоју, кој има 56 години, е поранешен министер за правда кој веќе еднаш ја извршуваше функцијата в.д. премиер во 2012 година.

Тој порано работел како адвокат, а е и актуелен вршител на должноста претседател на Либералната партија (ПНЛ).

Предоју изјави во понеделникот дека либералите имаат „положено заклетва како министри во владата и ќе си ги извршуваат должностите“.

ПРЕМИЕРОТ НА РОМАНИЈА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Одлучи да не го чека вториот круг на гласање

Поврзани содржини