КАСТРИОТ РЕЏЕПИ САМОВОЛНО СЕ ЗАСОЛНИЛ Добив пораки со закани по живот

Тој откри дека добивал и СМС пораки со закани по неговиот живот и поради тоа бил принуден да се засолни на сигурно.

1,113

Самоволно се заослнив за да не се дозволи земјата да отиде во правец кој е спротивен на моите убедувања, имав и закани по живот, изјави пратеникот Кастриот Реџепи денеска на прес конференција на која го објасни своето исчезнување на денот кога во законодавниот дом се гласаше за недоверба на Владата.

– Јас сум мирен со чиста совест дека нема подобро за мојата земја да ја носиш кон патот на ЕУ и НАТО. Јас сум сојузник и на Албанците и на Македонците – рече Реџепи кој објасни дека неговите првични размислувања на денот на интерпелацијата за Владата биле прво да земе збор и да гласа против. Но, подоцна проценил дека некој мора да пресече во корист на иднината на земјата. И дека, како што рече, се надева дека  разумот ќе надвладее и дека можат да се изградат мостови.






– Нема поголема доблест да избереш својата земја да ја водиш на патот на заедништвото, патот на НАТО и ЕУ. Во интерес на својата земја самоволно се засолнив на денот на гласање доверба на владата со цел земјата да не замине по патот назад. Се надевам дека во деновите кои следат разумот ќе надвладее. Верувам дека се можни мостови и јас верувам дека ќе бидам еден од тие мостови. Сега е потребно решавање на проблемите на државата – рече Реџепи.

Тој откри дека добивал и СМС пораки со закани по неговиот живот и поради тоа бил принуден да се засолни на сигурно.

На прашање зошто се потпишал на иницијативата за недовверба на Владата, а потоа не гласал, објасни дека потпишал во моментот кога Заев поднел оставка по локалните избори затоа што не знаел дали новиот мандатар ќе ги одржи релациите со постојното мнозинство. Потоа, Реџепи, ја спомна и одлуката на ДИК за  Желино, како и најавите на странските политичари за македонските евоинтеграции во декември. Во тој контекст, тој ги спомна изјавите на Макрон и на Руте.

На новинарско прашање дали има комуникација со Заев и како ќе дејствува кога Беса го исклучи од партијата Реџепи одговори:

– Со премиерот Заев сум бил и сум во комуникација. Дури и кога Заев поднесе оставка, му кажав дека греши укажувајќи му на важноста на процесот со ЕУ. Во моментот Беса е во коалиција со Владата, иако велите дека Беса излезе од Владата, нема одлука, туку изјави преку медиумите и фејсбук статуси. Кога највисокиот орган на Беса Централниот одбор ќе донесе таква одлука, тогаш јас ќе размислувам како понатаму ќе дејствувам.

Поврзани содржини