КАСНИ СИ ЛУТО ПИПЕРЧЕ, ОСВОЈ СИ КРАПЧЕ Слободанчо е најдобар во натпревар во јадење лути пиперки, Весна Јаневска е втора

Меѓународниот натпревар во јадење лути пиперки за првпат се реализираше за време на стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер”. Настанот што се одржа во кавадаречка гостилница, беше насловен „Супер лут предизвик”.

717

Слободанчо Василев од Кавадарци беше најдобар во вечерашниот меѓународен натпревар во јадење лути пиперки во Кавадарци и освои ЛЦД телевизор, додека, пак росоманката Весна Јаневска беше втора и таа доби сом од 10 килограми. Бобан Милошевски од Скопје го зазеде третото место, наградата е ваучер од 1.500 денари во гостилница и еден крап.

Меѓународниот натпревар во јадење лути пиперки за првпат се реализираше за време на стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер”. Настанот што се одржа во кавадаречка гостилница, беше насловен „Супер лут предизвик”.






Организаторот информираше дека за сите натпреварувачи следуваа вредни награди. Неколку спонзори го поддржаа овој натпревар.

Поврзани содржини