КАСНА ОД БОЖИЌНИОТ КОЛАЧ И СЕ ЗАДАВИ Италијанец почина на свечен семеен ручек

Истражителите велат дека дишните патишта на Џовани Лопез биле блокирани од грутка панетоне, сладок леб со овошје, во комбинација со парче свежа мандарина.

162

Во италијанскиот град Сетимо Торинезе во регионот Пиемонт, 47-годишен маж почина откако се задави со залак од традиционалниот божикен колач панетоне (сличен на козињак) и овошје. Џовани Лопез јадел парче празничен леб на семејниот ручек на Бадник во домот на своите родители кога се случила трагедијата.

Кога паднал, изненадените членови на семејството се обиделе да му помогнат и повикале Брза помош. Но и покрај напорите на болничарите за реанимација, тие не можеле да го спасат Лопез, и лекарите подоцна ја потврдиле неговата смрт.






Истражителите велат дека дишните патишта на Лопез биле блокирани од грутка панетоне во комбинација со парче свежа мандарина. Фаталното задушување било прогласено за несреќа.

Поврзани содржини