КАСИНОС АВСТРИЈА – ЕКСКЛУЗИВЕН ПАРТНЕР НА ОХРИДСКО ЛЕТО Поддршка за летната уметничка сцена

67

Охрид и ова лето, повторно пулсира во ритамот на уметноста. Фестивалот Охридско лето го реализира 65. јубилејно издание, со повеќе од 40 уметнички настани кои ја збогатуваат летната сцена со музика, театар, визуелни уметности и креативни експерименти.

– Горди сме што Касинос Австрија Интернешанал Македонија оваа година е ексклузивен партнер на фестивалот, манифестација со меѓународно реноме, која над шест децении е симбол на културен континуитет, извонредност и инспирација. Охридско лето не е само фестивал, тоа е приказна, традиција и глас на уметноста кој одекнува низ вековите. Нашата поддршка е повеќе од спонзорство, таа е дел од нашата посветеност за развој на културата, поддршка на уметниците и вложување во вредностите што го збогатуваат општеството – велат од компанијата.

Поврзани содржини