📽 КАСАНДРА ПРИСТИГНА ВО СРБИЈА Актерката насмеана им праќала бакнежи на насобраните на аеродромот
Колумбиската актерка Кораима Торес, позната по улогата на Касандра во истоимената хит серија, пристигнала на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград и со насмевка ги пречекала претставниците на медиумите кои ѝ посакале добредојде.
Колумбиската актерка Кораима Торес, позната по улогата на Касандра во истоимената хит серија, пристигнала на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград и со насмевка ги пречекала претставниците на медиумите кои ѝ посакале добредојде.
Кораима пристигнала во виолетов комбинезон и високи потпетици, а на лицето имала широка насмевка.
View this post on Instagram
Популарната Касандра ќе се приклучи на актерската екипа на српската серија „Игра на судбината“ и ќе ја игра една од главните улоги во популарната теленовела.
– Среќна сум, многу сум возбудена! – рекла актерката, која на насобраните им праќала бакнежи и додала дека Србија има посебно место во нејзиното срце.
Според извори блиски до продукцијата, хонорарот не бил пресуден за нејзиното доаѓање, но улогата многу ѝ се допаднала. Според наводите, сè било договорено во претходниот период и продукцијата само го чекала нејзиното доаѓање.
Серијата која сега има повеќе од 1.180 емитувани епизоди е секогаш на врвот на гледаноста, а славната Касандра ќе придонесе за уште поголем број гледачи.
Да потсетиме, Кораима Торес стекна голема популарност кај нас и во регионот во текот на 90-тите години на минатиот век, кога се емитуваше теленовелата „Касандра“ во која таа ја имаше главната улога.