Продолжуваат препирките меѓу претседателот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на Движењето БЕСА Билал Касами. Касами ја коментираше изјавата на Ахмети дека „треба да го фрли белиот пешкир на рингот зашто на 8 мај ќе доживеел нокау“.
– Али Ахмети е фатен од синдромот на Мендух Тачи кој само се заканува и со заканувачки и навредливи зборови го плаши албанскиот народ, но на 8 мај ќе го добие одговорот и конечно ќе добие технички нокаут од албанските гласачи кои ги осиромашува и раселува 20 години – рече Касами во интервју за Еуроњуз Албанија.
Касами е носител на листата во шестата изборна зона на коалицијата ВЛЕН.