КАСАМИ ВО ДРУШТВО НА АПАСИЕВ Лидерот на Беса нема да оди на лидерска средба – „повикот на Ковачевски е чиста саботажа!“
Движењето Беса нема да учествува на денешната лидерска средба бидејќи сметаме дека оваа средба е свикана за да се спаси ДУИ од одговорностите, изјави Билал Касами на денешната прес-конференција.
Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, ја одби понудата на премиерот Димитар Ковачевски за лидерската средба која денеска напладне треба да се оддржи во Собранието со претседателите на парламентарните партии.
– Движењето Беса нема да учествува на денешната лидерска средба бидејќи сметаме дека оваа средба е свикана за да се спаси ДУИ од одговорностите – рече Касами и додаде дека и движењето Беса е за уставни измени и дека ќе бара во овие измени еднаш засекогаш да се вклучи и реши прашањето со формулацијата – 20 проценти.
Можеме да кажеме дека поканата на премиерот веднаш по поканата на Движењето Беса е саботажа, порача Касами.
– Што се однесува до уставните измени, ние како Движење Беса изјавивме дека сме заинтересирани тие да се случат. Но, во ова отворање на Уставот бараме еднаш засекогаш да се реши прашањето за 20 проценти – изјави Касами.
Уште пред премиерот да закаже лидерска средба, Касами ги покани претседателите на партиите од албанскиот политички блок на лидерска средба за усогласување на позицијата да се отстрани од Уставот формулацијата „20 отсто“ и да се замени со албански јазик. Ниту еден од лидерите на партиите од албанскиот кампус не ја потврди поканата на Касами за присуство на средбата.
Викендов и претседателот на Левица, Димитар Апасиев, ја одби поканата на премиерот за лидерска средба.