„КАСАМИ ПОВИКА НА РУШЕЊЕ НА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК“ Левица побара од Јавното обвинителство итно да отвори предмет

Додека во Уставот е јасно наведено дека Македонија нема територијални претензии и дека го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави - иредентисти како Касами отворено го подриваат уставниот поредок и суверенитетот на Македонија. Затоа, ваквата заканувачка изјава не смее да наиде на молк од страна на Јавното обвинителство кое го повикуваме да отвори предмет, соопшти Левица.

727

Првиот човек на Движењето Беса и актуелен коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ во советот на Тетово, сецесионистот Билал Касами, честитајќи го Денот на знамето на Албанија, упати јасна иредентистичка порака, каде изјави дека Македонија ќе стане трета албанска држава, реагираше политичката партија Левица преку соопштение и побара од Јавното обвинителство итно да постапи за обидот за рушење на уставниот поредок.

„Оваа изјава претставува своевидна кулминација на долгата низа крајно националистички, етнотрибалистички и максимално сецесионистички ставови и дела на т.н. албански политички партии во Македонија по повод Денот на албанското знаме. Додека во Уставот е јасно наведено дека Македонија нема територијални претензии и дека го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави – иредентисти како Касами отворено го подриваат уставниот поредок и суверенитетот на Македонија. Затоа, ваквата заканувачка изјава не смее да наиде на молк од страна на Јавното обвинителство кое го повикуваме да отвори предмет за сторени кривични дела: Повикување на насилна промена на уставниот поредок и Загрозување на територијалната целина. Јавно ги повикуваме ‘патриотите’ од ВМРО-ДПМНЕ и ‘европјаните’ од СДС да ја осудат оваа изјава на Билал Касами и да објаснат на македонските граѓани – како со вакви сецесионистички албански политички партии, кои отворено ги искажуваат своите ставови за отцепување од Македонија и креирање на Голема Албанија, можат да коалицираат и да ‘планираат европска иднина’?!“, соопшти Левица.






🎥 „ПО КОСОВО, ДА ЈА НАПРАВИМЕ И МАКЕДОНИЈА АЛБАНСКА ДРЖАВА“ Касами повторно провоцира

Поврзани содржини