КАСАМИ ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ТЕТОВЧАНИ ЗА ГОЛЕМАТА ПОБЕДА Ги чека на прослава на тетовскиот плоштад

Според првичните нецелосни резултати на ДИК Билал Касами освоил 47,23 отсто од гласовите, пред неговиот ривал од ДУИ Бајрам Реџепи кој освоил 37,84 отсто од гласовите.

906

Досегашниот градоначаник на Тетово Билал Касами им се заблагодари јавно на граѓаните на Тетово за, како што рече, големата победа на изборите за втор мандат како градоначаник.

„Благодарам Тетово за големата победа! Бескрајно благодарам! Ќе се видиме на прослава во 22:30 часот на плоштадот!“ – Напиша Касами на својот профил на Фејсбук.






Според првичните нецелосни резултати на ДИК Билал Касами освоил 47,23 отсто од гласовите, пред неговиот ривал од ДУИ Бајрам Реџепи кој освоил 37,84 отсто од гласовите.

Поврзани содржини