КАСАМИ ЌЕ ДОБИЕ ТУЖБА ЗА КЛЕВЕТА Поранешниот градоначалник на Тетово контра актуелниот

Според Беџети, тој својата работа во општина ја вршел чесно и дека Финансиската полиција не ја истражува работата од времето кога тој бил на чело на општината. Беџети го повика Касами јавно да се извини, бидејќи во спротивно, како што најави, ќе го тужи за клевета.

1,421

Поранешниот градоначалник на Тетово, Сади Беџети, вчерашната изјава на актуелниот прв човек на општината, Биљал Касами ја нарече клевета и невистина.

Според Беџети, тој својата работа во општина ја вршел чесно и дека Финансиската полиција не ја истражува работата од времето кога тој бил на чело на општината. Беџети го повика Касами јавно да се извини, бидејќи во спротивно, како што најави, ќе го тужи за клевета.






Инаку, вчера Финансиската полиција изврши контрола во општина Тетово, а Касами рече дека станува збор за „проверка на предмети од времето на екс-градоначалникот на Тетово, Сади Беџети“. Касами обвини за политички притисок врз него, бидејќи како што вели, во 8-годишниот мандат на Теута Арифи, Финансиската полиција не нашла време да ги процесира предметите. Но, од Управата на финансиска полиција преку писмено соопштение истакнаа дека работат непристрасно и побараа случајот да не се политизира.

Поврзани содржини