КАСАМИ ДОБИ ВТОР МАНДАТ, ЌЕ РАБОТИ УШТЕ ПОПОСВЕТЕНО За Коалицијата Вреди предноста од 5.000 гласа значи голема доверба
Ќе работиме во секое место, без разлика како се определени граѓаните – рече Бесар Дурмиши, шеф на изборниот штаб на Коалицијата Вреди за Општина Тетово.
Биљал Касами победи со 5.000 гласови повеќе од неговиот противкандидат Бајрам Реџепи од Коалицијата НАИ, објави Бесар Дурмиши, шеф на изборниот штаб на Коалицијата Вреди за Општина Тетово.
Тој оцени дека во најголем број тетовски населби имаат победа затоа што граѓаните ја ценат работата на градоначалникот Касами и му дадоа поддршка за втор мандат.
– Граѓаните го кажаа своето мислење и став преку гласање, каде што во Тетово успеавме со пет илјади гласови повеќе од противкандидатот на Биљал Касами. Сме победиле во населбите, како што е Миѓени, со петстотини гласови повеќе, Центар, во Голема Речица успеавме да го превртиме резултатот со 120 гласови сме победиле. Во Џепчиште и Порој со повеќе од 500 гласови сме победиле. Во Фалише со 100 гласови сме победиле, во Мала Речица со 360 гласови, Тетекс 1 и Тетекс 2 со 500 гласови повеќе сме победиле. Исто така сме во селата Вешала, Бродец, Лисец и Лавце сме победиле – рече Дурмиши.
Тој најави дека Касами ќе работи во наредниот мандат како што бил посветен и во првиот.
– Му дадоа поддршка за втор мандат да работи уште подобро и уште посилно, така како што работеше четири години како што беше фокусиран 24 часа на ден, така ќе работи и во наредниот период. Ќе работиме во секое место, без разлика како се определени граѓаните. Ќе работиме низ секое место во градот, тие фундаментални проблеми што ги имавме во првиот мандат, градоначалникот успеа да ги реализира, да ги реши и сега во вториот мандат Тетово ќе се развие, ќе оди напред – истакна Дурмиши на прес-конференција на штабот на коалиција Вреди во Тетово.
Вешерва приврзаниците на Коалицијата Вреди прослевуваат на градскиот плоштад во Тетово, заедно со старо-новиот градоначаник Била Касами.