Касами: Датумот за изборите ќе се одреди во моментот кога во државата ќе имаме нормална состојба
Веднаш по оваа средба кај претседателот, ќе има консултации со правни експерти за тоа како да се прекинат роковите за изборите, рече Касами.
За нас најважно е здравјето на граѓаните, а не изборите, рече лидерот на Беса, Билал Касами, веднаш по завршувањето на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.
– Среќни сме што друите партии се согласуваат со овој став. Се согласивме моментално дека нема услови да се организираат избори. За тоа како ќе се продолжи понатаму, исто така се согласивме да се повикаат експерти од правната област кои ќе изнајдат решение како да се прекинат роковите за изборите и како да се соочиме со оваа состојба. Нема определување на датумот кога треба да се одржат избортите, бидејќи станува збор за многу комплицирана ситуација и засега не знаеме во која фаза е ширењето на коронавирусот. Решивме да ги одложиме изборите, а датумот ќе се одреди во тој момент кога во државата ќе имаме нормална состојба. Веднаш по оваа средба кај претседателот, ќе има консултации со правни експерти за тоа како да се прекинат роковите за изборите. Ние оценуваме дека сите политички партии и институции треба да се обединат во врска со оваа криза. Посакуваме што побргу да излеземе од оваа ситуација – рече Касами.