КАСАМИ БАРА ВТОР МАНДАТ ЗА ДА ГО ДОВРШИ СТАДИОНОТ ВО ТЕТОВО Градскиот стадион ќе стане современ дом на европскиот фудбал

Ќе се изградат и шест нови спортски сали во основните училишта „Наим Фрашери“, „Рилиндја“ во село Селце, „Братство – Миѓени“, „Истикбал“, „Кирил и Методиј“, како и во „Скендербег“ во село Џепчиште - истакна Касами.

119

Тетовскиот градоначалник Биљал Касами денеска од градскиот стадион во Тетово најави дека во вториот мандат, ако го добие, ќе работи на завршување на неговата реконструкција, како и на спортскиот комплекс со повеќе терени.

Тој се запозна со динамиката на работите при изградбата на новата трибина спроти главната, а во тек е уривање на една трибина зад голот на левата страна.






– Со предвидената инвестиција за негова целосна реконструкција, наскоро Градскиот стадион ќе стане современ дом на европскиот фудбал. Покрај тоа, ќе се изгради и вистински спортски комплекс со два големи фудбалски терени – еден со природна и еден со вештачка трева – со модерни трибини за навивачите, како и мултифункционален терен за младите. Важен дел од овој проект е и изградбата на помошен објект за тетовските фудбалски екипи, кој целосно ќе ги исполнува стандардите на Фудбалската федерација на Македонија. Во рамките на истиот проект е предвидена и изградба на нов стадион за голем фудбал во селото Сараќино – истакна Касами на денешната прес-конференција.

Според него, во сите основни и средни училишта кои располагаат со доволно простор ќе се изградат отворени мултифункционални спортски терени.

– Ќе се изградат и шест нови спортски сали во основните училишта „Наим Фрашери“, „Рилиндја“ во село Селце, „Братство – Миѓени“, „Истикбал“, „Кирил и Методиј“, како и во „Скендербег“ во село Џепчиште – истакна Касами.

Според тетовскиот градоначалник, само во наредните четири години, вкупната вредност на инвестициите во спортот ќе ја надмине сумата од 16 милиони евра.

Поврзани содржини