Познатата македонска пејачка Каролина Гочева не открива многу детали за приватниот живот и ретко објавува фотографии на социјалните мрежи.
Убавата Каролина, овој пат, на голема радост на обожавателите, објавила приватни фотографии.
Каролина со сестра си Александра и двете внуки Луција и Инес, во текот на продолжениот викенд, поминале прекрасен ден во природа, наместо за на плажа, посетувајќи го Националниот парк Пелистер. Каролина престојувала и во родната Битола.
„Ден исполнет со убавина“, напишала Каролина покрај објавените фотографии.
FOTO: Instagram