„КАРМАТА Е КУЧКА“ Новинарите се мајтапат со Курти, тој се караше со нив и затвори една телевизија

Микрофонот ви го даваме за едно или две прашања, а не за 4-5 и не треба да трае толку долго бидејќи ова не е интервју. Те молам не ме прекинувај, трпеливо слушам. Ќе го завршам мојот говор. Може ли?, му рече Курти на еден од новинарите.

2,182

„Кармата е кучка“ пишува на карикатурата на насловницата на албанскиот медиум Репортери кој се помајтапи со премиерот Албин Курти. Во статијата се порачува дека на Курти сега „кармата му се враќа“ затоа што не ја послушал меѓународната заедница за барањето за деескалација на ситуацијата на северот на Косово.

Курти на денешната пресконференција се караше со новинарите, а претходно ја затвори познатата телевизија „Клан Косова“.






На новинарско прашање дали ќе бидат ослободени тројцата уапсени членови на косовската полиција доколку  Косово го ослободи Милун Миленковиќ Луне, Курти на новинарот му рекол дека „тој не зборува во име на Белград“.

– Луне не стана криминалец на 26 или 29 мај. Тој има дебело досие за кршење на законот. Вистина е дека апсењето на Лунет ги испаничи сите криминалци, не можеа да замислат дека може да биде уапсен, не веруваа – рече Курти.

Курти побара од новинарите да поставуваат само по едно прашање.

– Микрофонот ви го даваме за едно или две прашања, а не за 4-5 и не треба да трае толку долго бидејќи ова не е интервју. Те молам не ме прекинувај, трпеливо слушам. Ќе го завршам мојот говор. Може ли? – рече Курти.

Косовскиот премиер на пресконференцијата покажа што е пронајдено на местото каде српските сили ги киднапирале тројцата полицајци. Toj рече дека киднапирањето се случило длабоко на територијата на Косово.

– Не се работи за апсење во Србија, туку за киднапирање на Косово и не се работи за никакво преминување на косовската полиција на територијата на Србија, како што се тврди – рече Курти.

Косовскиот премиер реагираше и на сугестиите што му ги упати високиот претставник на Европската унија, Жосеп Борел меѓу кои се наведува дека Курти треба да ги координира одлуките што ги носи со КФОР и ЕУлекс.

Во таа прилика Курти рече дека операциите на косовската полиција не се работа на ниту еден европски функционер, пренесува Коха.

Борел неодамна предложи мерки за Косово доколку тензиите на северот не се намалат.

Поврзани содржини