КАРЛА БРУНИ ГО ЗАВРШИ ПЕТГОДИШНОТО ЛЕКУВАЊЕ НА РАК НА ДОЈКА „Хормонската терапија е прилично тежок третман, но може да ви го спаси животот“

Пејачката и поранешна прва дама на Франција, Карла Бруни, објави на Инстаграм дека ја завршила петгодишната терапија за ракот на дојка што ѝ беше дијагностициран во 2019-та година. Таа сподели насмеана фотографија со еден од лековите за терапија што ги покрива нејзините очи и испрати порака до сите жени што се борат со оваа дијагноза.

1,016

– Денес завршувам со петгодишна хормонска терапија откако ми беше дијагностициран рак на дојка на крајот од 2019 година. Хирургија, радиотерапија, хормонска терапија: ова е патот што мора да го избереме за да го излекуваме овој вид рак – напиша Карла Бруни во објава на Инстаграм, објавувајќи насмеана фотографија со еден од лековите за терапија што ги покрива нејзините очи.

– И покрај нејзините прилично агресивни несакани ефекти, благодарна сум ѝ на науката за измислувањето на хормонската терапија: таа ефикасно штити од рецидив, што е вообичаено во годините по дијагнозата – вели поранешната прва дама на Франција.






Таа им порача на сите жени кои се во иста ситуација, да издржат: Секако, хормонската терапија е прилично тежок третман, но нејзината ефикасност може да ви го спаси животот. Би сакала уште еднаш да им кажам на сите жени што го читаат овој пост да не се двоумат да се подложуваат на скрининг секоја година, доколку е можно – заклучува Карла Бруни.

Таа му се заблагодари и на медицинскиот тим кој се грижел за неа.

– Нивната експертиза и човечност беа многу вредни за мене за време на ова тешко искушение – напиша Бруни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carla Bruni (@carlabruniofficial)

Поврзани содржини