КАРАВАН НА МАЈЧИНСТВО Матрона и dm ги едуцираа присутните на десеттата обука за родителство

Родителството е патување полно со прашања и предизвици, а вистинските информации во вистинско време можат да направат разлика помеѓу стресот и радоста. Токму тоа беше целта на десеттата обука на „Караванот на мајчинство“ организиран од компанијата dm и Матрона

17

На 4 јуни, во срцето на Скопје, во Public Room, се одржа десеттата обука на „Караванот на мајчинство“ организиран од dm и Матрона, која собра повеќе од 40 присутни, сите со заедничка цел – да станат подобри родители.

Темата на обуката, „Како да се справите со психолошките промени во бременоста и по породувањето и како да му обезбедите подобар имунитет на вашето дете“, беше исклучително важна. Родителството е патување полно со прашања и предизвици, а вистинските информации во вистинско време можат да направат разлика помеѓу стресот и радоста.






Секој од нас носи во срцето желба да биде најдобар родител, а оваа обука ни помогна да ги разбереме нашите чувства и да научиме како да ги поддржиме нашите деца во нивниот развој.

Од компанијата се заблагодаруваат на сите кои се приклучија и ја направија оваа обука толку успешна и инспиративна!

Вашето присуство и ентузијазам беа клучни за создавање на топла и поддржувачка атмосфера. Со нетрпение ја очекуваме следната обука, каде заедно ќе продолжиме да учиме и растеме, велат организаторите.

Поврзани содржини