КАРАНТИНСКАТА СТРАТЕГИЈА НЕ ДАДЕ РЕЗУЛТАТИ Премиерката на Нов Зеланд призна – одиме на соживот со короната! (ВИДЕО)

Во голема мера ја ставивме пандемијата под контрола, но со делта варијантата на вирусот, стратегијата „нула-ковид“ е неверојатно тешко да се спроведе, призна премиерката.

659

Нов Зеланд почна да се оддалечува од политиката на нулта толеранција кон коронавирусот и тежок карантин. Имено, откако земјата ги затвори границите на почетокот на пандемијата, беа пријавени само 4.409 случаи на инфекција и 27 смртни случаи.

Но, со појавата на делта сојот, бројот на нови инфекции почна да расте. Видот делта доведе до долгорочно затворање на главниот град Оукленд. Иако имаше строги мерки шест недели, што вклучуваше строги ограничувања за движење, градот во вторникот објави 24 нови инфекции.






Премиерката Џасинда Ардерн призна дека неколкудневните ограничувања не успеаја да го намалат бројот на новозаразени, односно да го доведат бројот на нула, пренесува Си-Ен-Ен.

– Во голема мера ја ставивме пандемијата под контрола, но со делта варијантата на вирусот, стратегијата „нула-ковид“ е неверојатно тешко да се спроведе – призна таа.

Таа, исто така, призна дека долгите периоди на строги ограничувања не успеаја доволно да ги намалат бројките и дека префрлањето од стратегија „нула-ковид“ во стратегија за соживот со короната отсекогаш била опција, „но делта сојот го забрза тоа“.

Ардерн рече дека не жали што ја применила таа стратегија во последните 18 месеци бидејќи спасила животи.

– Елиминацијата беше важна бидејќи немавме вакцина. Сега ја имаме – рече таа.

Таа најави воведување сертификати за вакцинација, односно ковид-пасоши, кои ќе бидат задолжителни за одење на масовни собири од ноември.

Ардерн рече дека сертификатите ќе помогнат да се спречат големите собири, како што се музичките фестивали, да се претворат во места каде што вирусот се шири.

Во средината на октомври, премиерката Ардерн го претстави она што требаше да биде „кратко и остро“ затворање на земјата како одговор на појавата на епидемијата во Оукленд, но додека остатокот од земјата се врати во нормален живот, градот во северниот дел од островот остана „заклучен“ околу седум недели.

Меѓутоа, од утре ќе се ублажат одредени ограничувања.

Поврзани содржини