Карантин не ни гине!
Ова не е последица на неколку неодговорни будалетинки, тука на голем дел од општеството, кое се има откажано од здрав разум и однос кон останатите.
Тоа е дечки, карантин не ни гине.
Веќе е досадно, кој е крив, кој е одговорен, требало ова, требало она, било убиство на слободи, или правото требало да молчи, ова е народ, а власта е само народ со комплекс на виша вредност, кои си немаат појма ни како да се однесуваат, ни што реално да преземат.
Ќе си поминуваме низ истата голгота, ама кога веќе се нема мозок, ќе нема друго чаре освен ригорозност.
Процентите и бројките се немилосрдни. Патуваме со преку 20 отсто позитивни, бројките рипаат по 30 отсто на недела дена, имаме премногу смртни случаи во однос на регионот.
Очигледно потфрламе во преголеми броеви, ова не е последица на неколку неодговорни будалетинки, тука на голем дел од општеството, кое се има откажано од здрав разум и однос кон останатите.
Доаѓа повторно цехот за наплата.
(ФБ статус на авторот)