Каракачанов: Се надевам дека бугарските полкови во Скопје ќе бидат пречекани со цвеќе, леб, сол и духовна музика
Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов смета дека македонските медиуми ги извртеле неговите зборови за испраќање на бугарски војници во Македонија.
– По повод доста превртеното толкување на македонските медиуми, нека објаснат дека тоа што реков е: ако има потреба можам да испратам инженериски полк да им помогне побрзо да ги тргне тие споменици на кои пишува за „бугарскиот окупатор“ – вели Каракачанов.
Според Каракачанов, тоа не е закана, туку предлог за помош како сојузници во НАТО.
А во врска со тоа како бугарската воена единица и војниците ќе бидат пречекани во Македонија, Каракачанов вели:
– Се надевам ќе бидат пречекани како бугарските полкови во 1912, 1918 и 1941 година – со цвеќе, леб, сол и духовна музика.