Каракачанов: Македонците сакаат поддршка од Бугарите, а подоцна да ни забодат нож во грб
Скопје нема желба да ги реши овие прашања. Сметаат дека можат да се служат со трикови, како досега. Бугарија да ги поддржи, а тие потоа да ни забодат нож во грб како благодарност и да нè дискредитираат - истакна Каракачанов.
Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во утринско гостување за БТВ изјави дека Македонија не го почитува Договорот за добрососедство и дека влез во Европската Унија не може да очекува без решавање на спорните билатерални прашања.
– Скопје нема желба да ги реши овие прашања. Сметаат дека можат да се служат со трикови, како досега. Бугарија да ги поддржи, а тие потоа да ни забодат нож во грб како благодарност и да нè дискредитираат – истакна Каракачанов.
Според него, Македонците секогаш започнувале конфликти со земјите од целиот регион.
– Прво почнаа со прогон на луѓето што се нарекуваа Бугари, потоа конфликтот со Албанија, скандалите со Грција, скандалите со Бугарија – и тоа цели 28 години. Од оваа причина, некои Бугари доаѓаат од Македонија и земаат бугарско државјанство – вели Каракачанов.