„Бугарија сака РС Македонија да го запре фалсификувањето на бугарската историја и да го запре антибугарското воспитување преку медиумите и преку образованието. Први ја признавме Македонија во 1992 година, што доведе до фактот дека војната не се прошири на нејзината територија. Бугарија ѝ помогна на РС на Македонија воено, дипломатски и финансиски. Наместо тоа, добиваме навреди, нѐ нарекуваат фашисти и татарско племе“, изјави бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, пренесува агенцијата БГНЕС.
Во Скопје, вели тој, тие замислуваат дека Бугарија уште еднаш ќе направи отстапка поради братските чувства.
– Во Скопје очекуваат дека некој ќе ја притисне Бугарија и ние ќе се откажеме од нашиот национален интерес – изјавил Каракачанов.