Каракачанов: Анексот од 12 точки е виза за датум на РС Македонија во јануари или февруари

Бугарскиот министер за обрана вели дека истото ѝ било понудено на земјава уште во ноември, но таа го одбила.

1,416

Република Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпише анексот од 12 точки што го доставивме, рече вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во интервју за бугарската ТВ Нова.

Според него, земјава имала шанса да одреди датум за преговори уште во ноември минатата година, но не сакала да го искористи тоа.






– Бугарија не стави вето, таа едноставно рече дека не се подготвени за датум за преговори – рече Каракачанов.

Тој вели дека истото ѝ било понудено на земјава уште во ноември, но таа го одбила.

– Бугарија не стави вето, таа едноставно рече дека не се подготвени за датум за преговори – вели Каракачанов.

Според него, Бугарија е „за“ проширување на ЕУ на Западен Балкан, но загрижува говорот на омразата против сè што е бугарско.

– Омразата се заснова на грубо и гнасно фалсификување на историјата – вели Каракачанов.

Тој, денеска, пак, во гостување на Радио К2, најави дека следната недела на средби во Софија оди специјалниот претставик на Владата за Бугарија, Владо Бучковски.

 

Поврзани содржини