Караџовски: Тестовите за ковид-19 не се тестови за бременост па да се продаваат во аптеките
Факт е дека здравствениот систем функционира, рече д-р Караџовски.
Доктор Жарко Караџовски рече дека се отвораат нови простории, приемни одделенија за земање тестови, па поради тоа се очекува на двата пункта да се намали гужвата веќе од утре, како и дека тестовите за ковид-19 не може да се продаваат во аптеките.
– Тестови има, лаборанти има, дијагноститаката ќе ја прави Институтот за јавно здравје. Работиме и прва и втора смена, работиме по 16 часа, за да го надминеме овој проблем. Луѓето грешат сите доаѓаат во 8 часот наутро и затоа се создаваат гужви – рече д-р Караџовски.
Факт е дека здравствениот систем функционира, рече д-р Караџовски.
На прашањето за тоа дали тестовите ќе ги има во продажба во аптеките, Караџовски истакна дека тестовите за ковид-19 не се тестови за бременост па да се продаваат во аптеките, туку дека има точен протокол по кој се врши тестирањето и дека тој се почитува.