Караџовски најави 10.000 тестирања на ковид-19 во полицијата, АРМ, градинките, таксистите

1,380

Докторот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје на вечерашната прес конференција најави дека во наредниот период ќе се спроведат тестирања на коронавирусот кај здравствените работници,  во градинките, таксистите, АРМ, полицијата.

Тој рече дека кон средината на јуни откако ќе се спроведат тестирања во градинките се очекува да бидат отворени, а се планира да бидат спроведени околу 10.000 тестирања. Досега, како што објави тој  биле направени 6.630 тестирања.






– Ја менуваме нашата шема, го надградуваме нашиот алгоритам.Одиме на пошироко тестирање на населението. Во градинките се направени повеќе од две илјади тестови, при што очекуваме во третата фаза, најверојатно ќе биде на средината на јуни, да можеме и нашите дечиња да ги пуштиме да одат безбедно во градинките. Ќе направиме повеќе од 10 илјади тестирања се со цел да видиме каков е скринингот на нашето население и дали дел од овие лица се сигурни за да продолжат со спроведување на својата активност… СЗО побара од нас во своите алгоритми  60 до 80 отсто од кластерите да ги имаме под контрола. Овие кластери во последните 14 дена се движеа просечно од 40 до 95 отсто. Тоа во пракса значи дека немаме новорегистрирани случаи,  и дека ги контролираме случаите кои што се регистрираат во нашата држава. СЗО направи една пресметка за секоја држава во Европа и ние спаѓаме во државите во коишто репродуктивниот број или Р-0, односно колку лицето што е инфицирано може да инфицира лица со коишто ќе дојде во непосреден контакт, изнесува од 0,7 до 1,2, во моментов ние сме 1,1 — појасни Караџовски.

Др. Караџовски објасни дека здраствените власти правеле  анализи на седумдневен и чериринаесет дневен период и дека успеале да се справат со новиот вирус, но им препорача на граѓаните придржување на пропишание мерки за заштита како што се често миење на рацете, носење маски и одржување дистанца.

На новинарско прашање дали се очекува нов бран на зараза од коронаирусот, Караџовски одговори дека се очекува да слабее силината на вирусот и дека државата може да ја држи состојбата под конрола затоа што веќе има изградено систем за спраување со ковид-19.

– Лично не очекувам зголемен број дотаму да ние да не можеме да го држиме под контрола – рече Караџовски додавајќи дека и кога имаше сто случаи дневно ја држеле состојбата под контрола зашто во резерва биле спремни илјада кревети и монтажна болница.

 

 

Поврзани содржини