Капитол „врие“ од војска, а тоа ја чини државата 500 милиони долари

Припадниците на Националната гарда пристигнаа од сите 50 држави и четири територии, додека агенциите за безбедност се обидоа да го обезбедат Капитол за инаугурацијата на претседателот Џозеф Бајден.

584

Трошоците за ангажирање на околу 26.000 припадници на Националната гарда за обезбедување на Капитол во периодот околу 6-ти јануари, кога се случи насилниот упад во Конгресот, изнесуваат скоро 500 милиони долари, велат официјални лица.

 






Припадниците на Националната гарда пристигнаа од сите 50 држави и четири територии, додека агенциите за безбедност се обидоа да го обезбедат Капитол за инаугурацијата на претседателот Џозеф Бајден.

Тие беа ангажирани во Вашингтон за да го блокираат сообраќајот и да ги заштитат конгресмените и важните објекти.

фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Официјални лица, кои сакаа да останат анонимни, бидејќи не се овластени да даваат изјави, велат дека бројката од 500 милиони долари ги вклучува трошоците за транспорт на припадниците на Националната гарда од нивните држави во Вашингтон, нивните плати, бенефиции, сместување и здравствена заштита.

Овие пари се очекува да ги покријат трошоците на припадниците на гардата до средината на март, кога тие треба да се повлечат од Вашингтон.

Националната гарда беше ангажирана по наредба на федералната влада, а Министерството за внатрешна безбедност издаде предупредување за тероризам поради можно насилство.

Поврзани содржини