КАПЕТАН КИРК ЛЕТА ВО ВСЕЛЕНАТА ИДНАТА НЕДЕЛА Актерот ќе стане најстариот астронаут
Пред него „рекордот“ го држеше Воли Фанк, која имаше 82 години во јули, кога со Безос беше во „разгледување“ на вселената.
„Блу ориџин“ во понеделникот потврди дека актерот Вилијам Шатнер (90), попознат како капетанот Џејмс Т. Кирк од „Ѕвездени патеки“, навистина ќе полета во вселената на 12 октомври со нивната ракета и со тоа ќе стане најстариот астронаут досега.
Пред него „рекордот“ го држеше Воли Фанк, која имаше 82 години во јули, кога со Безос беше во „разгледување“ на вселената.
– Веќе долго време слушам за вселената. Ќе ја искористам можноста лично да ја посетам. Какво чудо – рекол актерот, соопштила компанијата на Џеф Безос (57).
„Ѕвездени патеки“ се прикажуваше само три сезони од 1966 година, но имаше големо влијание врз популарната култура и инспирираше неколку филмови и серии со исто име. Тие станаа познати по утописката визија на авторот Џин Роденбери, кој замисли општество во кое човештвото преовладува над победите и се обединува со другите мирни цивилизации што патуваат низ вселената.
Шатнер, исто како и Кирк, беше командант на вселенското летало УСС Ентерпрајз на петгодишна мисија чија цел беше „истражување на необични нови светови, потрага по нов живот и нови цивилизации, смело да се оди таму каде што човекот сѐ уште не бил“.
Но, неговото вистинско патување во вселената ќе биде многу пократко и ќе трае само десет минути. Ракетата ќе го однесе екипажот само преку границата на Карман на 100 километри над Земјата.